Македонија
11. November 2026 - 16:40

Пензиските друштва предлагаат промени во пензискиот систем

Постепено зголемување на старосната граница за пензионирање, предлага Асоцијацијата на пензиски друштва.

Ова е еден од предлозите за реформа на пензискиот систем, а како причина го посочуваат продолжениот животен век за три години во изминатите две децении, додека старосната граница останала непроменета.

Оценуваат дека пензискиот систем засега е стабилен, но реформите се неопходни за неговата долгорочна одржливост.