Додик сослушан во Обвинителството на БиХ во Сараево, притворот му е укинат

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, вчера доброволно се појавил во Обвинителството на Босна и Херцеговина, во придружба на неговиот адвокат, на сослушување како осомничен во врска со истрагата за сомневањата дека сторил кривично дело напад врз уставниот поредок, се вели во заедничкото соопштение на Судот и Обвинителството на Босна и Херцеговина. Веднаш по солушувањето, укината му е претходно изречената мерка притвор, пренесува РТРС.
Додик три месеци одбиваше да се појави во Обвинителството на БиХ, поради што по него беше распишана потерница и му беше одреден еден месец притвор.
Лидерот на босанските Срби ќе мора да се јавува во полициската станица Лакташи на секои 15 дена.
– Осомничениот беше особено предупреден дека може повторно да му биде одреден притвор ако ги прекрши обврските, се вели во заедничкото соопштение на Судот и Обвинителството на БиХ.
По сослушувањето, Додик потврди дека дал изјава на барање на државното обвинителство.
– Доброволно се согласив да дојдам во Судот на Босна и Херцеговина и по час и половина добив одлуки за укинување на притворот и за откажување на налозите за претрес во Босна и Херцеговина и во странство. Секако, ова е случај што ќе продолжи, рече Додик.
Тој објасни дека има обврска да се јавува на секои 15 дена во полициската станица Лакташи во близина на Бања Лука каде што има регистрирано живеалиште, а исто така рече дека е „уморен од сè“.
Освен Додик, Обвинителството на БиХ води истрага и против претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ и премиерот на ентитетот Радован Вишковиќ, по кои е издадена потерница и одреден е притвор. Тие сè уште имаат статус на бегалци од правдата.
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
