Loading Video...
Балкан
3. October 2026 - 16:31

Останките на Цар Самоил пренесени во Софија

Ја исполнивме мисијата и долгочекувана должност. Пред нас се посмртните останки на Цар Самоил. Во текот на изминатите 6 децении е вложена напорна работа за да се стигне до овој ден истакна бугарскиот премиер Радев во говорот за време на државната церемонија Бугарија го пречекува цар Самоиил на плотшадот Александар Први во Софија.

- Точно 1012 години и три дена по неговата смрт, царот Самуил, кој владееше со Бугарија во една од најтешките епизоди во историјата на нашата земја, го направи своето последно патување дома. Тој го имаше тешкиот товар да ја брани Татковината на Балканскиот Полуостров во близина на моќното Византиско Царство. Самоил ја има тешката судбина да поминува војни бранејќи ја бугарштината, да ја издржува болката од своите рани заедно со своите војници. И векови подоцна, токму искривената заздравена рака ќе им помогне на археолозите да го утврдат неговиот идентитет на Ахиловиот остров. Денес, симбол на државништво и воени доблести тргнува на своето последно патување кон „Света Софија“, од каде што започна неговиот пат“,

Помсртните останки на Цар Самоил од Солун во Софија беа пренесени во воен транспортен авион Спартан. Во моментот кога авионот влезе во воздушниот простор на Бугарија, тој беше пресретнат и придружуван од борбени авиони МиГ 29 и Ф16, на аеродромот Васил Левски –го пречекаа припадници на бугарската армија по што коските беа положени во мермерен саркофаг во црквата Света Софија во Софија. Помсртните останки на средноковниот владател ги открил  грчкиот археолог Николас Муцопулос во базиликата Свети Ахил во Малото Преспанско Езеро во 1969 година. До утрово се чуваа во Музејот на византинската култура во Солун, каде што и се одржаа церемонијата на која Грција официјално и ги предаде на Бугарија, останките додека бугарската страна врати 48 црковни реликвии, икони и стари ракописи одземени за време на Првата светска војна. На настанот присуствуваа премиерите на двете земји. Притоа   Радев истакна дека во минатото Цар Самоил ги делел земјите но денес ги обединува. И Мицотакис заводoлен од соработката. 

- Денес воспоставуваме многу длабока врска со Бугарија, која не е само културна. Враќањето на важни црковни предмети создава нови мостови на комуникација. Ова е првата фаза за враќање на други реликвии од Бугарија. Историските и верските реликвии не треба да бидат предмет на запленување за време на војна, порача Мицотакис,

Во специјалните емсиии  на бугарските медиуми постветени на настанот , бугарските  политичари  и аналитичати дебатираа за историското и политичкото значање на овој чин. Мегу гостите беше нагалсено дека денешниот чин треба да биде повод за Македонија целосно да прифати дека цар Самоил е исклучиво бугарски владетел. Настанот во Македонија се следи со воздржасност од официјлани лица. На новинарско прашање, премиерот Мицкоски денеска рече  прашањето треба да се гледа низ призмата на Бледскиот договор. Тој повлече паралела со периодот по капитулацијата на Бугарија во Втората светска војна, кога како резулат на тој договор во Скопје беа донесени моштите на Гоце Делчев.