Зеленски во официјална посета на Србија
Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово во Белград го пречека неговиот украински Колега, Володомир Зеленски кој е во прва официјална посета на Србија. По средбата двајцата претседатели порачаа дека ќе продолжат да работат на засилување на економската соработка и меѓусебната поддршка на патот кон членството во Европската Унија. Вучиќ не криеше дека е песимист кога станува збор за европската политика на проширување додека неговиот украински колега рече дека Киев едноставно нема време за песимизам
Во фокусот на разговорите на двајцата претседатели биле енергетиката, инфраструктура, земјоделството и трговијата а потпишан бил и мемморандум за соработка во областан а земјоделството и безбедноста на храната. Србија и понудила на Украина целосно да реконструира еден помал град во земјата. Вучиќ и пред Зеленски немаше проблем да каже дека не верува во брз крај на војната.
Посетата има дополнителна политичка тежина бидејќи Србија, и покрај поддршката за територијалниот интегритет на Украина, досега не се приклучи на западните санкции против Русија.
Зеленски во Белград пристигна вчера вечерта пред големиот напад кој во текот на ноќта руските сили го изведоа врз Киев. Според последните информации во ракетните напади загинале најмалку 3 лица а меѓу нив и едно дете
Властите информираа дека се запалени станбени згради и автомобили и стравуваат дека бројот на жртви може да се зголеми.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
