Уапсен сопственикот на Алта банка во Србија
Во Србија е приведен Давор Мацура, сопственикот на Алата банка АД Белград.
Осомничен е дека неовластено изнел пари од трезорoт на банката во вкупен износ од 45 милијарди динари, сума што надминува 380 милиони евра.
Налогот за неговото приведување го издало Српското јавно обивнителство за органзиаран криминал, откaко за време на викендот беа извршени претреси во просториите на Алта банка АД Белргад и во домот на Мацура, а Народната банка на Србија ја одзеде лиценцата за работа на банката поради, како што наведе, значително влошување на финансиската состојба и ризици за средсвата на клиентите.
Над банката беше отворена стечајна постапка.
Обвинителството соопшти дека при претресот од просториите на банката бил извшрен попис на готовите пари што се наоѓале во трезорот.
Од слобода се лишени уште две лица - директорот на одделението за трезор и управување со говотина во Алта банка и соработник за трезорско работење во Алта банка.
Според истргата, вработените му овозможиле на сопственикот неовластен припстап во трезорот со тоа што му ги предавале картичките за влез или лично го пуштале во просториите.
Според обвинителството, во тие прилики до саботата, 31 октовмри, Мацура одзел пари од трезорот, со што се стекнал со противправна имотна корист во износ од 45 милијарди динари.
- Постојат основи за сомневање дека осомничениот Давор Мацура го сторил кривичното дело злоупотреба на положба од страна на одговорно лице, предвидено во член 227, став 3, во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека другите осомничени помогнале во извршувањето на наведеното кривично дело се наведуав во соопштението на обвинителството.
На осомничените им е одредена мерка притвор во траење од 48 часа.
Адвокатот на Мацура изјави дека неговиот клиeнт треба да биде сослушан од јавен обвинител утре, по 12 часот.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
