Македонија
20. December 2022 - 16:34

Дојавите за бомби ги кршат правата на децата, вели Омбудсманот

Во Македонија веќе три месеци декојдневно пристигнуваат закани за поставени бомби, но министерката за одбрана тврди дека нема реална опасност по безбедноста на граѓаните. Службите ништо не оставиле на случајноста уверува Петровска. Тврди дека не е едноставно да се донесе решение со кое конечно ќе запрат сајбер нападите но најави ново законско решение во однос на зашитата од ваквите напади.

– Кибер заштитата на сите институции, но и на се тоа што претставува критична инфраструктура е предизвик. Министерството е носител на новото законско решение за заштита на критична инфраструктура и впрочем утре во Клубот на пратеници ќе ја имаме последната јавна дебата по што законот ќе биде проследен во процедура. Додека да се усвои и стапи во сила законот, апсолутно секоја институција презема дополнителни мерки во однос на кибер заштитата. Имаме постојана комуникација и поддршка од стратешките партнери и во рамките на НАТО и надвор од тоа. Сајбер заштитата е нешто на кое во континуитет мора да се работи и не е нешто кое еднаш засекогаш завршува, порача министерката.

Секојдневните закани во училиштата се слабост на институциите смета народниот правобранител кој оцени дека се загрозени правата на учениците.

Владата одлучи да формира  оперативен тим кој ќе го предводи БЈБ за да носи препораки, проценки на дневно ниво за состојбата со хибридните напади. На овој начин очекуваат службите да воспостават поголема меѓусебна  координација и соработката со партнерските земји.

Дојавите за поставени експлозивни направи почнаа да пристигнуваат и во попладневните часови. Во 15 училишта во главниот град вчера беа испратени вакви закани. МВР до сега пронајде само еден малолетник кој испратил дојави до неколку училишта.