Дојран ќе ги заштитува природните врендности на езерото
Општина Дојран и регионалниот центар за животна средина заеднички ќе се грижат за заштита и промовирањето на природните вредности на Дојранското езеро. За таа цел неодамна беше потпишан и меморандум за соработка помеѓу локалната самоуправа и РЕЦ. Меморандумот предвидува воспоставување стратешка соработка за спроведување на проекти за вреднување на екосистемските услуги и поттикнување на одржливи практики за рибарство и туризам.
- Тоа значи дека заедно со општина Дојран од сега ќе преземеме низа активности кои што ќе се фокусираат прво на зајакнување на капацитетите на општината и општинската администрација за спроведување на проекти поврзани со заштита на животната средина и заштита на вредностите на Дојранското езеро, меѓутоа ќе работиме не само со општината и со администрацијата, ќе работиме со здруженијата на граѓани, ќе работиме со населението, вели Игор Славкоски шеф на мисијата на РЕЦ во Македонија,
За општина Дојран оваа соработка е многу значајна, посебно ако се земе во предвид дека вредностите на екосистемот кои ги поседува езерото ги ползуваат не само локалното население, туку и големиот број на туристи.
- Имајќи предвид дека Дојранско езеро е заштитено подрачје, односно е прогласено за споменик на природата во 2011 година самото тоа ни носи големи обврски и одговорности. Меморандумот ќе придонесе во подобрувањето во управувањето со еко системот на самото Дојранско езеро, вели Анго Ангов – градоначалник на општина Дојран
РЕЦ Македонија веќе трета година по ред спроведува проект за развивање на капацитетите за одржливост на Дојранското езеро. Со нивна поддршка минатата година беше отворен и музејот на живиот свет во Дојран кој функционира како подружница на природнонаучниот музеј на Македонија
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
