Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
Првите анкети во Бугарија покажуваат дека поранешниот претседател Румен Радев е во водство пред неговите опоненти. Доколку во моментов се одржат парламентарните избори неговата коалиција би можела да формира Влада, иако тој на изборите нема да настапи со своја политичка партија, бидејќи како што изјави нема да има време и истата ќе ја формира по изборите.
Но што ќе значи за Македонија и веќе нарушените односи со источниот сосед доколку Радев раководи со бугарската Влада? Кај македонските аналитичари има песимизам, особено поради ригорозните ставови на Радев кон Македонија изминативе години. Очекуваат дури и влошување на дијалогот.
Анкетите опфаќаат пет политички партии. После Радев, на второто место со најголема доверба е ГЕРБ на Бојко Борисов, а на трето место Продолжуваме со промените- Демократска Бугарија на Асен Василев. Радев би морал да обезбеди поддршка од најмалку уште една парламентарна група за да стигне до парламентарно мнозинство.Аналитичарот Атанасовски смета дека поранешниот бугарски претседател би формирал коалиција токму со Асен Василев за да ги симне од власт партиите кои изминатава деценија раководеа со Бугарија.
Радев најави дека најдоцна до 4 март, тој и неговиот тим ќе поднесат коалиција за регистрација со структурата и програмата до Централната изборна. До тогаш, намерно ги задржува во тајност имињата на партнерите и кандидатите, поради ризик од обиди да се блокира иницијативата.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
