Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција откри дека доктор вработен во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец, но притоа не сподели детали за кого станува збор и за која здравствена институција.
- И Министерството за здравство и Владата ги знаат институциите, дозволете институционално да го решиме ова. Не би смеел да ги кажам деталите на прес-конференција бидејќи ќе загрозам систем што не треба да се загрози. Знаеме дека нашата работа може да се заврши за две недели отсега, но тие се процедури и ќе треба други институции да ги процесуираат - рече тој.
Алиу не ја исклучува можноста за кривична одговорност за ваквата пракса. Најави дека ќе воведаат системи за евиденција на работното место со отпечаток од прст (фингер принт) за здравствените работници и рече дека веќе во две клиники го тестираат ваквиот систем.
- Системот првин ќе биде воведен во клиниките во Скопје, а потоа и во другите клиники во земјата за да може да ги следиме законски. Имаме ситуации каде што доктори прегледуваат еден пациент неделно, а други и 100 пациенти неделно. И едното и другото не е во ред. Мора да ги следиме и да направиме систем, кој, прво, реално ќе го следиме ние како Министерство и, второ, ќе реагираме навреме - рече министерот.
Според Алиу, имало установи во кои се работела дополнителна дејност двојно подолго (41 процент) од законски утврдениот минимум, кој изнесува 20 проценти од часовите. Алиу информира дека вакви ситуации има во седум клиники. Потенцира дека двајца специјалисти од иста специјалност имале многу голема разлика во бројот на извршени операции, едниот имал 1.134, а другиот 470. Во внатрешноста, како што потенцира, имало лекари што не направиле ниедна операција цела 2025 година.
Министерот Алиу информира и дека има голема разлика меѓу бројот на реализирани упати за шест месеци во 2025 година - еден доктор имал 16.526 реализирани упати, а друг доктор во друга клиника само 7.352 реализирани упати.
- Иако се работи за различни специјалности, мора да следиме како овие разлики се можни. Има бројки што се нелогични за здравствениот систем - рече Алиу и ќе се утрврдува, вели дали е тоа резултат на немање законски решенија или од менаџирањето со таа институција.
Тој најави дека Министерството за здравство ќе бара информации колку време лекарите од јавното здравство поминуваат во приватните здравствени установи.
- Со тешки маки и енергија доаѓаме до податоци. Институциите не ги ажурираат податоците за тоа колкава е листата на чекање иако имаат законска обврска. Мора да се смени менталитетот. И затоа ќе работиме паралелно - и на законски решенија и на терен со нашите органи, кои имаат надлежност за тоа - рече Алиу.
Мицкоски вчера од собраниската говорница зборуваше за доктори кои со книжење дежурства и други додатоци стигнувале до баснословни суми на исплати од 10 илјади евра месечно во јавните здравствени установи.
МИА
Ново на Сител
-

Марихуана и кокаин пронајдени во Затвор Идризово
-

Лекарската комора стана полноправен член на Европскиот совет на лекарски комори (CEOM)
-

Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица
-

Иранската револуционерна гарда повторно им се заканува на бродовите на американските или израелските сојузници
-

Уапсено лице од струшко, фатен е при обид да опожари сува трева и грмушки
-

Писториус: НАТО ја штити Европа од ирански ракети
-

Тошковски: Психофизичката подготвеност е темел на професионалната полициска служба
-

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ
