Доктори од Клиниката за онкологија вршат прегледи во болницата во Битола, а од идната недела и во болницата во Тетово
Доктори од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија почнаа да прават консултативни прегледи во одделот за онкологија во Клиничката болница во Битола на барање на таа јавна здравствена установи, а идната недела такви прегледи ќе прават и во Клиничката болница во Тетово. Ова за МИА го изјави директорот на УК за радиотерапија и онкологија, Игор Стојковски.
- Еден колега веќе отиде, а една колешка е отидена денеска. Планираме и следниот петок да оди уште една колешка од различни патологии. Во прво време тие одат за консултативни прегледи. Покрај Клиничката болница во Битола, има барање и од Клиничката болница во Тетово, каде доктори ќе одат идната недела. Тие се таму еден или два дена. Пациентите благовремено ќе бидат информирани кои колеги ќе одат и која патологија ќе ја покриваат и тие наместо да доаѓаат во Скопје ќе можат со нив да се консултираат во местото на живеење, рече д-р Стојковски.
Посочи дека во прво време тоа ќе биде во форма на консултативни прегледи, а потоа зависно од инфраструктурата и можностите на клиничките болници во Битола и Тетово, ќе почне да се аплицира и некоја специфична онколошка терапија.
- Се планира и други болници да бидат опфатени, уште разговараме, бидејќи некои од нив немаат соодветна инфраструктура. За да доаѓа некој специјалист од Скопје треба да има и соодветна инфраструктура во смисла на дневна болници, просторија за прегледи..., додаде д-р Стојковски.
На прашање кога онколошките пациенти ќе можат да ја подигнуваат терапијата во аптека во местото на живеење, рече дека за хроничната таблетарна терапија која ја користат пациентите со хормонски зависен канцер на дојка, идната недела или неделата по неа, на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување треба да се усвои одлука, потоа се објавува во соодветни правилници, по што пациентите ќе можат да ја подигнуваат во аптеките.
- Со извештај од специјалист онколог, матичниот лекар пишува рецепт и пациентот ќе моќе да ја подигне терапијата во аптека. Работиме и на протоколите за апликација на терапија во другите центри што ќе бидат дисперзирани и се надевам дека и нив ќе ги завршиме, појасни д-р Стојковски.
МИА
Ново на Сител
-
Сообраќајна несреќа на влез во Скопје, сообраќајот се пренасочува
-
Доктори од Клиниката за онкологија вршат прегледи во болницата во Битола, а од идната недела и во болницата во Тетово
-
Ангелов: Досега пријавени околу 400 лица за превенција од пожари, рокот продолжен за уште пет дена
-
Приведен 75-годишен охриѓанец, возел со брзина од 126 километри на час каде ограничената брзина е 50
-
Приведени двајца малолетници, фатени при кражба од црква
-
Најголемиот камен од Марс продаден на наддавање за над 3,7 милиони евра
-
Приведени две лица од Кичево, при претрес на нивниот дом пронајдена е дрога
-
Кривична против 29-годишник, пукал кон три лица со ловечка пушка