Македонија
18. July 2025 - 10:00

Приведени две лица од Кичево, при претрес на нивниот дом пронајдена е дрога

На 17.07.2025 во 17.00 часот во Кичево, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево ги лишиле од слобода Е.П.(30) и А.П.(60) од Кичево.

При претрес во нивниот дом, извршен по наредба од Основен суд Кичево, во куќата биле пронајдени и одземени една ќесичка со бела прашкаста материја и вага. Додека, во шахта пред домот биле пронајдени и одземени 51 помали пакувања со прашкаста материја и две поголеми најлонски пакувања со бела грутчеста материја.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.