Македонија
2. May 2021 - 16:37

Домашните и туристите од соседството го дочекаа Велигден на Плаошник

Голем број верници од Охрид но и туристи од земјава и соседството ги исполнија верските храмови.Со биење на камбаните точно на полноќ беше најавена радосната вест за Христовото Воскресение.Централната богослужба се одржа во Свети Климентовиот храм на Плаошник на која чиноначалствуваше митрополитот Тимотеј.

Верниците по една година пауза го дочекаа големиот празник Велигден во црквите почитувајќи ги мерките за заштита ,свештените лица го контролираа влезот а посетителите палејќи свеќа и кршејќи се со велигденските јајца си посакаа здравје ,среќа  крај на пандемијата и идната година да има нормално празнување.

За продолжениот празничен викенд во Древниот Охрид има голем број на гости од земјава и соседството.Инаку велигденските и првомајските празници се репер за тоа каква сезона ќе има ова лето на брегот на Охридското езеро.