Доналд Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на операциите на Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека Соединетите Американски Држави можеби ќе ги редуцираат своите операции на Блискиот Исток, според информации од американски медиуми кои се повикуваат на негова објава на платформата Truth Social.
„Многу сме блиску до остварување на нашите цели, затоа размислуваме за постепено повлекување на нашите значајни воени ангажмани на Блискиот Исток насочени против терористичкиот режим во Иран“, напиша Трамп.
Трамп подетално ги наведе овие цели, кои вклучуваат „ограничување на ракетните способности на Иран, поткопување на основата на иранската одбранбена индустрија, елиминирање на нивните поморски и воздушни сили, како и спречување на Иран да стекне нуклеарни капацитети“. Исто така, како цел беше наведена заштитата на американските сојузници во регионот.
Списокот на сојузници што Трамп конкретно ги спомена ги вклучува „Израел, Саудиска Арабија, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Кувајт и други“.
Претседателот од Републиканската партија додаде дека „Ормутскиот теснец, ако биде потребно, ќе треба да биде заштитен и управуван од други земји што го користат – САД не го користат!“. „Ако побараат поддршка од нас, ќе им помогнеме на овие држави во нивните напори, но тоа нема да биде потребно откако иранската закана ќе биде неутрализирана“, увери Трамп.
Во текот на минатата недела, Трамп во интервју за „Фајненшл тајмс“ изрази мислење дека НАТО може да има „многу неизвесна иднина“ доколку сојузниците не придонесат за безбедно минување на комерцијалните бродови низ теснецот.
Сепак, европските партнери брзо ја отфрлија идејата за учество во евентуална воена акција за обезбедување на снабдувањето со енергенти.
Исто така, вчера, пред новинарите во Белата куќа, Трамп одговори со „Да, така мислам“ на прашањето на еден новинар дали смета дека Израел е подготвен да ја заврши војната откако американските сили ќе ги прекинат своите борбени активности.
МИА
Ново на Сител
-

11-годишно девојче прегазено во Скопје, возачот избегал
-

Сведочење за „Пулс“: Обезбедувањето требало да реагира за присуство на малолетници по полноќ, а пиротехниката била безбедносен ризик
-

Попладне дожд, од утре пад на температурите и најави за снег
-

Од 3 на 5: Нови две единки балкански рис забележани на Шар Планина | ВИДЕО
-

Запален автомобилот на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш
-

Познат идентитетот на возачот кој загина на патот Кочани - Виница, повредени три лица
-

Израел се обиде да го убие иранскиот безбедносен функционер Лариџани
-

Европа му испрати јасна порака на Трамп: Сам реши го својот проблем, ова не е наша војна
