Дончиќ поради повреда ќе отсуствува најмалку еден месец

Ѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ ќе паузира најмалку еден месец поради истегнување на мускулот на левата нога, објави ЕСПН.
Петкратниот НБА Ол-стар се здоби со повреда за време на поразот на Далас од 99:105 на гости кај Минесота Тимбервулвс во средата.
Откако во втората четвртина се повреди во една навидум безопасна ситуација, Дончиќ се упати кон соблекувалната и го пропушти целото второ полувреме. Кошаркарот во четвртокот беше подложен на магнетна резонанца.
Пред да го напушти натпреварот против Минесота, Словенецот (25) за 16 минути имаше 14 поени, 5 скока и 2 асистенции. „ЕСПН“ информираше и дека на Лука Дончиќ му биле потребни патерици за да ја напушти салата.
Следниот натпревар на Маверикс е вечерва, по наше време, против Феникс Санс, со кој ќе започнат серија од четири гостувања. Далас ќе ја затвори календарската година во понеделник навечер со меч против Сакраменто Кингс.
На 22 натпревари оваа сезона (сите како стартер), Лука Дончиќ имаше просек од 28,1 поен, 8,3 скока и 7,8 асистенции. Тој шутираше во просек 46,4% од поле и 35,4% од далечина.
Дончиќ се мачи со повреди цела сезона, пропушти два последователни натпревари минатата недела и пет по ред кон крајот на ноември. Досега отсуствуваше вкупно осум натпревари.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
