Дождот направи богата програма за четврток – планирани се 25 мечеви на турнирот во Скопје

Вчерашниот дожд направи проблеми со одигрувањето на мечевите на М25 Скопје Macedonian Open 2026 и се одиграа само седум мечеви во сингл конкуренција. Три се прекинати, додека шест не ни почнаа. Од таа причина дел од играчите денес ќе одиграат и по два сингл меча и еден во конкуренција на двојки бидејќи планирани се мечеви и од првото коло во конкуренција на двојки.
Од македонските тенисери во 9 часот на теренот ќе бидат Обрад Марковски и Амар Хусеиновиќ. Марковски треба да го игра продложението од вториот сет (води 1-0 во сетови), додека Хусеиновиќ треба да го доигра првиот сет. Меч ќе треба да игра и Горазд Србљак.
Не пред 12 часот на теренот број 5 треба да се појави и Калин Ивановски, кој во првото коло го победи првиот носител Андреј Чепелев. Тој за ривал ќе го има победникот од мечот Саша Марковиќ и Лиам Деликата.
Доколку се одиграат сите планирани мечеви бројката ќе биде – 25, секако доколку дозволат временските услови (има најава за дожд во попладневните часови).
МИА
Ново на Сител
-

Изречени 63 санкции за возење под дејство на алкохол
-

Јован Костадинов меѓу добитниците на наградата „Младинска храброст 2026“
-

Клековски: Се подготвуваме да потпишеме меморандум со СБ и ЕИБ и финансирањето на инвестициите во болниците во Штип, Тетово и Кичево
-

Ангелов: Не палете оган на отворено, доволна е една искра за катастрофа
-

MHERO пристигнува во Македонија: Сила создадена без компромис
-

Автомобил излетал од патот во Ресен - две жени се тешко повредени
-

Негователка во градинка во Хром физички нападнала дете
-

Вештачење: Реконструкцијата во „Пулс“ била изведена нелегално, објектот според површината никогаш не можел да биде кабаре
