Македонија
13. December 2020 - 16:38

Дождот не го нормализираше Охридското Езеро

Врнежите од дожд не ја променија состојбата со Охридското Езеро. Нискиот водостој сеуште може да се забележи на самиот брег. Екологистите сметаат дека постојаните осцилации на езерото го загрозуваат живиот свет кој со повлекувањето на водата останува на суво, но негативно влијаат и врз културно историските споменици на крајбрежјето.

Екологистите апелираат да се сочуваат шумските зелени површини за да има и поголем прилив на вода во Охридското Eзеро.

Инаку според утринските мерења нивото на Охридското езеро е на кота 693.10 метри надморска височина односно на границата на дозволениот природен минимум. 

Причина за нискиот водостој е исклучително неповолната хидролошка состојба предизвикана пред се од долготрајни сушни денови и мошне малку врнежи за овој период од годината.