Дозволил ќерката да му се удави: Не дозволил на спасувачите да ја спасат поради шокантна причина!

Маж од Азија гледал како неговата ќерка постара од 20 години се дави на плажа во Дубаи. За несреќата да биде поголема, тој е одоворен за смртта на својата ќерка бидејќи не дозволил на спасувачите да ја извлечат од вода.
Всушност тој физички ги спречил спасувачите да ја извлечат од вода. Како оправдување навел дека таа била обесчестена - непознати мажи ја допирале.
Мажот е уапсен и поради него надлежните поднеле кривична пријава, бидејќи со својата постапка директно допринел за смртта на својата ќерка.
- Тој бил со својата сопруга и деца на плажа. Децата биле во вода кога 20-годишната ќерка почнала да се дави во водата, врескала и барала помош - изјавил поручникот Ахмед Бургибах, заменик на директорот во полицијата во Дубаи.
- Двајца спасувачи биле на плажа и тргнале да и помогнат на девојката. Таткото бил висок и силен маж, тргнал да се бори со нив, ги повлекол и ги спречил да помогнат. Им рекол дека повеќе сака ќерката да му биде мртва отколку да ја допираат непознати мажи, ова е еден од инцидентите кои никогаш нема да ги заборавам. Ме шокираше мене и сите оние кои беа вклучени во случајот - рекол полицаецот.
Ново на Сител
-

Законот за заштита од употреба на тутун и сродни производи помина на Влада – Наскоро стапува на сила
-

ЦЈЗ Скопје не најде доказ за труење со храна на ученици од кујната во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”
-

Општествено одговорни компании во Штип организираа крводарителска акција
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ
-

Отворен базен во близина на „Партизан Карпош“
-

Прв џез фестивал во Струмица
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
