Прв џез фестивал во Струмица
Струмица ја збогатува културната понуда. Од 4 до 7 јуни во градот ќе се одржи првото издание на Џез Стрим фестивал, манифестација која има за цел да поттикне создавање и развој на џез творештвото и да донесе нови содржини за љубителите на овој музички правец.
Според организаторите, идејата за фестивалот произлегла од желбата Струмица да добие современ џез настан, но и од фактот што џез културата во градот има долга традиција и значајно место во музичкиот и културниот живот.
Фестивалот ќе го отвори Националниот џез оркестар под диригентската палка на маестро Џијан Емин, а програмата предвидува концерти на македонски и американски џез музичари, промоции, разговори, диџеј сетови и други содржини на повеќе локации низ градот. Уметничката и идејната концепција на фестивалот е дело на познатиот македонски поет Никола Маџиров.
Главниот дел од фестивалската програма ќе се реализира на сцените на НУЦК Антон Пано, додека дел од офф програмата ќе се одржува и на неколку други локации низ градот.
-
Зоран Ѓеогриев
Сите содржини од овој новинар
