Македонија
8. November 2026 - 17:03

Петте случаи на морбили се аларм за колективниот имунитет

Нема нови регистрирани случаи на морбили.

Изминатите неколку дена биле испитани неколку сомнителни но на проверката искочиле негативни велат од ИЗЈ.

Иако во моментов новозаразени нема, петте потврдени случаи на морбили во земјава отворија сериозна дебата за подготвеноста на здравствениот систем.

Епидемиолозите оредупредуваат дека една цифра во епидемиологијата никогаш не е само статистички податок туку индикатор за целата популација.

Морбилите се меѓу најзаразените инфекции на планетата каде во целосно осетлива популација едно заболено лице може да зарази 12 до 18 други луѓе.

За да се спречи ширење потребен е колективен имунитет со најмалку 95 проценти со две дози.

Но според податоците на ИЈЗ,опфатот со прва доза во 2025година паднал на само 62,7 проценти, што претставува сериозен аларм.

Професорот д-р Драган Даниловски во својата анализа објавена на ФБ посочува дека новите генерацииродители немаат дирекно искуство со овие опасни болести, поради што стравот од нив постепено се заменил со страв од самите вакцини, на што дополнително придонесуваат дезинформациите на социјалните мрежи.

„Особено загрижувачки момент е кога неодржливите тврдења добиваат привид на медицинска легитимност. Советот вакцинацијата да се одложи додека детето не прозбори, на пример, нема научна основа. Говорниот развој сам по себе не е критериум за одложување на МРП-вакцинацијата.
А кога ваков опасен мит доаѓа спакуван како совет од здравствен работник, неговата разорна моќ е поголема од десетици објави на социјалните мрежи. Тоа директно го урива авторитетот на институциите.“

Даниловски предупредува дека статистичките податоци не значат ништо кога станува збор за реалната опасност на терен, нагласува дека вирусот бара директни контакти меѓу луѓето а не просек. 

„Морбилите се меѓу најзаразните инфекции на планетава. Во целосно осетлива популација, едно заболено лице може да зарази во просек 12 до 18 други лица. За да не дојде до ширење на вирусот потребен е многу висок степен на колективна заштита, што подразбира вакцинален опфат од најмалку 95 проценти, со две дози и рамномерна распределба на тој опфат меѓу населението.Со секоја нова генерација во која остануваат невакцинирани деца, се зголемува бројот на лица што вирусот може да ги зарази. Година по година, тие создаваат сè поголем резервоар на осетливост! И вирусот не мора „самиот“ да си создаде услови за епидемија. Доволно е да наиде на условите што ние сме дозволиле да се создадат.“

И покрај законската обврска за задолжителна имунизација , последните години се бележи континуиран пад на опфатот.

За надминување на кризата, мобилните тимови досега посетија илјадници домаќинства низ земјава а изготвена е и новата национална стратегија за имунизација 2026-2030.

Но сепак теренската реалност е загрижувачка, на пример во О. Ѓорче Петров над половината новороденчиња од 2021 до 2024 не ја добиле навреме вакцината.

Досега во земјава се регистрирани вкупно 5 случаи на морбили кај 4 бебиња и 40 годишен маж, од кои еден случај е странски државјанин.