ДПИ ќе реферира во вторник на Влада за состојбата со високите цени на храната, можни се мерки за нивно ограничување

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во вторик на владина седница Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) треба да поднесе извештај во врска со бојкотот на маркетите поради високите цени на прехранбените производи и оти се можни мерки во однос на контрола на цените.
- Очекувам реферирање на следната седница на Влада, во вторник. Мислам дека Државниот пазарен инспекторат заедно со Министерството за економија и труд ќе излезат во јавноста со одредни параметри. Ако тоа не се почитува од страна на системот, а тој започнува од производители, дистрибутери и ланци, тогаш како Влада ќе треба да преземеме поинаков тип на дефанзивни мерки за да го контролираме тоа, таму каде што е потребно. Оваа акција ќе биде проширена бидејќи не само супермаркетите или хипермаркетите, предмет на анализа ќе бидат и други економски оператори како аптеки, продавници за бела техника. Не може некои производи во соседните земји да бидат два - три пати поевтини отколку кај нас, а се работи за ист производ од ист производител и со иста царинска стапка, изјави Мицкоски.
Тој кажа дека ги разбира граѓаните и нивниот револт за бојкотот на маркетите, поради високите цени на производите, но смета дека решението треба да се бара со разговор помеѓу сите засегнати страни.
- Доколку гледаме дека едната страна не почитува договорено тогаш како Влада ќе мора да интервенираме. Ние не сакаме со интервенционализам да водиме политика, сакаме преку дијалог да дојдеме до заедничко решение. Се обидовме пред Нова Година, но знаете како заврши тоа, беше нарушена довербата помеѓу Владата и трговците, додаде Мицкоски.
Премиерот не ја исклучи можноста да се донесат мерки во однос на цените на производите уште на седницата во вторник, на која ќе реферира и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, а на која ќе бидат поканети и други надлежни институции.
Премиерот Мицкоски ја најави и изградбата на нов автопат од Букојчани до Кичево, со што ќе се направи комплетно ново автопатско поврзување од Тетово, преку Гостивар, Букојчани, Кичево до Охрид. Останува дискутабилен уште делот од Требеништа до Ќафасан, бидејќи како што рече, станува збор за дел кој влегува во зоната заштитена од УНЕСКО, за што се бара решение.
- Проектот од Букојчани до Кичево ќе биде финансиран со заем од ЕБРД, од околу 130 милиони евра, од нив 20 - тина милиони гранд компонента. Очекувам да биде завршен крајот на 2028 или првата половина на 2029 година кога се планира и овој другиот прокет од Тетово до Букојчани да биде завршен со што ќе добиеме една комплетна целина. Сега е објавен јавниот повик кој што е претквалификација. Очекувам до март да заврши и потоа да се објави повик за компаниите на кој ќе се квалификуваат и да ја избереме најдобрата компанија. Очекувам тоа се да заврши до крајот на годината, вели Мицкоски.
Ново на Сител
-

Белата куќа демантира дека постои меморандум за разбирање со Иран за завршување на војната
-

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација
-

Времето утре нестабилно со пороен дожд
-

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада
-

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа
-

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
