Македонија
21. July 2022 - 19:42

Драстичен раст на нови случаи - кои одлуки ги донесе Комисијата за заразни болести?

Секој втор од тестираните е позитивен, но комисијата не смета дека треба да ги заостри мерките за заштита од ковид 19. Засега само препорака да се отворат 5 ковид амбуланти во главниот град за третман на пациенти. Во нив ќе бидат ангажирани матичните лекари а ќе се третираат пациенти со полесни симптоми на ковид.

Македонија засега нема опасност од прогласување на портокалова ковид фаза. Регистрирани 80 хоспитализации во цела држава и мал број на смртни случаи поради ковид.