Древен брод од Римското Царство откриен на морското дно, долж апулискиот брег

Италијанската полиција откри остатоци од древен, товарен брод од периодот на Римското Царство на морското дно, долж јужниот брег на Италија. Откритието било забележано за време на рутинска поморска контрола, а на локацијата биле пронајдени и повеќе бардачиња. Според експертите, бродот датира од околу четвртиот век.
Како што пишува италианскиот дневен весник Ла Република (La Repubblica), се претпоставува дека пловел од северноафриканско пристаниште, превезувајќи гарум – популарен зачинет сос од ферментирана риба, широко користен во древната римска кујна. Го користеле и Грците, Феникијците и други народи.

Според властите, откритието било забележано во средина на минатата година за време на патрола кај градот Галиполи, во регионот Апулија, но информацијата морала да се чува во строга тајност поради страв од можни грабежи, по што подрачјето било ставено под постојан надзор.
Во наредниот период археолозите ќе спроведат детални истражувања, кои се очекува да донесат нови сознанија за трговските патишта, бродоградбата и трговијата во древното Римско Царство, како и да придонесат за заштита и зачувување на наоѓалиштето.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

СДСМ предложи закон за помош на земјоделците
-

Преглед на вестите од светот
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
