Македонија
26. May 2025 - 16:32

Државата да не губи време кога ќе добие аларм за исчезнато дете

И едно исчезнато дете е предоцна е пораката која силно одекна по повод Меѓународниот ден на исчезнати деца. Од Граѓанската организација Новинари за човекови бараат заштитата на исчезнати деца да биде врвен приоритет на сите институции. На состанок со претставници од сите надлежни институции побараа системот Најди ме да се издигне на национален механизам за поитна реакција. 

Според статистиката, Македонија нема превисок број на исчезнати деца, но велат алармот мора превентивно да делува пред некој случај да заврши трагично. 

Во системот Најди ме регистрирани се 6 возрасни и еден аларм за исчезнато дете. Системот дел од Амбер Алерт мрежата Европа каде учествуваат над 50 организации и над 80 полициски експерти од Европа.