Државјани од Србија и неколку македонски државјани кои беа евакуирани од Израел, пристигнаа во Белград

Државјани на Србија, и неколку од Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска, кои беа евакуирани од Израел, околу два часот по полноќ, пристигнаа во Белград со специјален лет на „Ер Србија“ од Шарм ел Шеик, организиран од Владата на Србија и Министерството за надворешни работи.
Специјалниот лет, кој тргна од Белград вчера околу 17 часот, пристигна во Шарм Ел Шеик околу 21 часот по локално време, и се врати со 67 граѓани на Србија евакуирани од Израел, меѓу кои и мали деца, јави РТС. Првично беше организирано преминување по копно на египетската граница, односно превоз до аеродромот во египетско одморалиште.
Државниот секретар во Министерството за надворешни работи Дамјан Јовиќ кој беше испратен во Египет за координирање на акцијата, вели дека покрај фактот дека станува збор за хуманитарно прашање, тоа е и пораката што Република Србија сака да ја испрати дека „сакаме најдобри и најблиски односи исполнети со солидарност со нашите соседни земји, Црна Гора, Северна Македонија, Босна и Херцеговина“.
Првиот авион од Дубаи со српски државјани слета во Белград вчера.
Согласно последните податоци, од македонското МНР и НТ, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473 македонски државјани контактирале со нашите дипломатско-конзуларни претставништва во Тел Авив, Доха и Абу Даби.
- Од нив, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до ДКП Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт, како и 12 лица од Бахреин, информира МНРиНТ.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Врските на Заев и Филипче со политиките на Путин
-

СДСМ: Toшковски да поднесе оставка
-

250 анкетни листови од кочанчани против бетонизација кај „Панаѓурот“
-

Струмица започна долгорочен проект за озеленување на околината на градот
-

Поскапуваат градинките во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Посетата на Руте, потврда за улогата на Македонија во НАТО
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, воено-безбедносен аналитичар
