Ужас во Гостивар - 15 годишник ја силувал помалата сестра
Родосквернавење во Гостивар – 15-годишник ја силувал помалата сестра и заврши во 30 дневен притвор во Шутка. Теророт врз девојчето траело подолг период, а братот користејќи го отсуството на родителите ја принудувал на сексуални односи родената сестра. Исто така со месеци и праќал и пораки со непристојна и експлицитна содржина. Полициски инспектори вчера го липиле од слобода малолетникот во присуство на социјален работник.
- Во службен разговор во присуство на претставници од Меѓуопштински центар за социјални работи Гостивар, малолетничката појаснила дека вознемирувањето започнало пред околу една година преку пораки со непристојна содржина, а подоцна продолжило со физички допири и обиди за присилување на сексуални односи.
Според исказот, пред три месеци, малолетникот со употреба на физичка сила извршил полово дејствие врз неа, изјави Фатмир Реџепи, портпарол на СВР-Тетово.
По голготата низ кое поминало девојчето, тоа е предадено на грижа на Центарот за социјални работи Гостивар за понатамошна заштита и постапување.
За овој монструозен случај барањето на мерка притвор според обвинителството е согласно законските основи но и потребата од заштита на жртвата.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
