Голема акција во Куманово: „Падна“ лихварска група, претреси во менувачница
Голема полициска акција денеска во Куманово. Бирото за јавна безбедност разби петчлена криминална група која се сомничи за лихварство, изнуда и перење пари. Меѓу приведените е Меѓу нив е Драган Петровски, познат под прекарот Штука. Се сомничи дека токму тој е организатор на групата. Истражителите, според засега неофицијални информации, се сомневаат дека групата користела закани, насилство и уцени за да стекнува противправна имотна корист.
Во текот на денот истражните органи предводени од специјалната единица за брзо распоредување извршува вршат претреси на повеќе локации, меѓу кои и менувачница која во текот на целиот ден е под полициско обезбедување. Во истрагата, освен менувачницата, според информации на Сител опфатена е и нотарска канцеларија. Во текот на претресите пронајдени се поголема количина на пари, а одземени се и возила и документација.
За дел од парите кои во кеш биле давани под лихва, сомнежите се дека потекнувале од менувачницата. Народната банка врши ревизија за да утврди дали овие информации кои стигнале до полицијата се точни.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
