ДСЗИ: Причината за смрт на доенчето починато во Кавадарци ќе биде наведена во извештајот по завршување на обдукцијата

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) информира дека денеска спровел вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци по добиена наредба од министерот за здравство, а во врска со третманот и лекувањето на доенче У.М на оделот за педијатрија во таа здравствена установа, кое почина 14 јануари.
Од ДСЗИ наведуваат дека со оглед дека во тек е патоанатомска обдукција, точната причина за смрт ќе произлезе од извештајот по нејзиното завршување.
Согласно надлежностите, од увидот на медицинската документација и здравствена евиденција констатирано е дека доенчето У. М старо два и пол месеци, родено на ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство Скопје било донесено на оделот за педијатрија во болницата на 12 јануари со упат од матичен лекар заради чести повраќања (четири до пет во тек на 24 часа) и поспаност. На прием тоа е прегледано од специјалист педијатар и назначени се биохемиски иследувања, поставена е дијагноза R11 (гадење и повраќање). На прием тоа било без покачена температура, со висока сатурација, свесно, реагира на дразби. Вклучена инфузиона терапија. За време на болничкиот престој вклучена била и исхрана преку уста со адаптирано млеко на секои два часа. На ден 13.01.2026 состојбата на доенчето е стабилна и е афебрилно, посочуваат од ДСЗИ.
На 14 јануари повторена е анализа на урина и добиен е уреден наод. На визита спроведена во 15,30 часот истиот ден здравствената состојба била стабилна, а во 20:48 часот дежурниот лекар бил известен од сестрата на оддел и мајката дека доенчето не дише по што веднаш било префрлено во соба за интервенции. Констатирана е генерализирана цијаноза и отпочнато е со реанимација од страна на педијатарот и специјалист анестезиолог по протокол која траела 40 минути, но без одговор. Во извештајот како основна причина за смрт од анестезиологот е наведена „ненадејна смрт на доенче“.
Случајот е разгледуван и на стручен колегиум и од страна на Комисијата за квалитет, наведуваат од ДСЗИ и додаваат дека иницираат до министерот за здравство да се формира комисија за стручен надзор.
МИА
Ново на Сител
-

Прва посета на амбасадорката на Кина на Охрид
-

Мисајловски: Безбедноста во државата е на највисоко ниво
-

Мицкоски: Очекувам законот за прекршоци да помине на следната собраниска седница, а „Безбеден град“ да почне од 1 февруари
-

Апел за совесно и одговорно фрлање отпад - Се чистат диви депонии во Аеродром
-

Истрага против лице од Чучер Сандево за нелегално оружје и закани кон семејството
-

НП Шар Планина пријави во полиција попречување на нивната работа на терен
-

За Богојавление - Водици автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, исклучок кај 10 линии
-

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје
