Вработени во УЈП и сопственици на фирми испумпале скоро 5 милиони евра државни пари
Близу пет милиони евра од државниот буџет испупмале вработени во УЈП и сопственици на фирми преку даночни измами. Групата според обвинителството броела 20 лица, а на чело бил српски државјанин, вмешани се и лица на раководни позиции од скопската дирекција на УЈП. Заедно преку лажни документи, цели три години ги спроведувале финансиските измами. Криминалот го открила Агенцијата за национална безбедност, па во текот на вчерашниот ден по наредба на јавен обвинител, полицијата направила претрес на 16 локации во државата. Пронајдени се пари, оружје, лажни печати од фирми и фиктивна документација.
„Првоосомничениот, српски државјанин и сопственик и управител на две правни лица, заедно со двајца службеници од УЈП – Регионална дирекција Скопје, во текот на 2023 година формирале група со цел вршење на кривични дела даночно затајување, даночна измама, перење пари и злоупотреба на службена положба. Во периодот 2023–2025 година, во групата биле вклучени и други сопственици, управители и вработени во правни лица во Скопје и Гевгелија“, велат од ОЈО ГОКК.
Според обвинителството, клучна улога имале вработните во УЈП. Со нивна помош, српскиот државјанин избегнал да плати данок од над 180 илајди евра. Останатите осомничени кои се сопственици и управители на фирми, со лажни даночни пријави за поврат на ДДВ, наплатите половина милион евра. Дел од осомничените со префрлање и исплата се обиделе да сокријат дека незаконски заработиле еден и пол милион евра. Најголема штета врз државниот буџет предизвикале вработните во УЈП.
Досегашните прибрани докази упатуваат дека осомничените вработени во УЈП – Регионална дирекција Скопје, од кои дел на високи раководни позиции, со повеќекратни злоупотреби на службената положба, нанеле вкупна штета на Буџетот на РСМ од најмалку 162.980.076 денари.
По акцијата во притвор завршија десет лица, двајца веќе имале таква мерка како осомничени во предметот со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството. За останатите десетмина, судот одреди мерки на претпазливост, добиле и забрана за работни активности во УЈП.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
