Дуел со Белгија за првото место во групата

Репрезентацијата на Белгија е вечерашниот ривал на најдобрата македонска фудбалска репрезентација.
Дуелот се игра во Гент, а воедно е натпревар од групата Ј. Македонската репрезентација како првопласирана влегува во пресрет на последните три натпревари, додека втората Белгија има бод помалку, но и натпревар повеќе за одигрување.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски од среда се во Гент, а синоќа одржаа и тренинг на теренот каде вечерва се игра натпреварот.
Противникот е селекција, каде најголемиот дел од фудбалерите настапуваат во петте најсилни лиги во Европа, но на овој натпревар во составот ќе го нема напаѓачот Ромелу Лукаку.
- Го нема Лукаку, но во составот на Белгија има голем број квалитетни напаѓачи, и сигурно нема да биде лесно. Ќе дадеме се од себе, тоа е најмалку што можеме да направиме за Македонија. Со максимална посветеност и концентрација, со борба за секоја топка, веруваме дека можеме да ја реализираме нашата цел, изјави дефанзивецот Висар Муслиу.
На табелата македонската репрезентација е на првата позиција со 11 бодови (5 натпревари), Белгија е втора со 10 бодови (4), Велс има 10 (5), Казахстан следи со 3 (5), додека Лихтенштајн е последен без бод.
Почетокот на натпреварот во Гент е во 20:45 часот, а ќе го суди Умут Мелер од Турција. Денеска на програмата е уште еден натпревар од групата играат: Казахстан и Лихтенштајн, додека Велс е слободен.
МИА
Ново на Сител
-

Изборот на Хоџа и Сали во четврток пред пратениците
-

Владата утре ќе прогласи кризна состојба, за да се користи мазут од стоковите резерви
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

80-годишнината МНТ ја прославува со сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето - Made in MNT“
-

Преглед на вестите од светот
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Трамп ја менува Агелер, амбасадорката на САД во земјава
-

Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
