Македонија
6. July 2021 - 16:44

ДУИ и Алијанса резервирани за Резолуцијата

Албанскиот блок резервиран во поддршката на резолуцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која се однесува на преговарачките позиции во спорот со Бугарија. Иако средбите на ДУИ, БЕСА и Алијанса на Албанците со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ прошле во конструктивна атмосфера, сепак ниту една од нив нема конкретен став за документот.

Од ДУИ велат дека тескстот на Резолуцијата треба да се прилагоди за да не штети на еу-интеграцијата.

Oд Алијанса велат дека за документот ќе одлучуваат партиските тела, но тој не смее да ги наруши односите со Бугарија.

Од ВМРО-ДПМНЕ задоволни од средбите, чекаат конечни одговори од албанските партии пред и формално да ја поднесат Резолуцијата во Собвранието иако сметаат дека текстот е добар.

Средба со владејачката СДСМ не е договорено, но не се исклучува имајќи пред вид дека социјадемократите ја прифатија Резолуцијата.

„Станува  јасно дека сите ние го штитиме и јазикот и идентитетот и сето она што е македонско. Не е воопшто прашање и нема воопшто потреба да се стави под прашање било каква резолуција. Ние ќе дадеме поддршка на резолуцијата. Веруваме дека сите постапки ќе завршат во Парламентот и со тоа потврдуваме дека ниту јазикот, ниту посебностите, ниту идентитетот некој ги ставил на маса или преговарал во целиот овој период”, потврди генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

ДПМНЕ генерална поддршка на документот вчера дадоа  помалите коалициски партнери на СДСМ – Демократски сојуз, ДОМ и ЛДП. Сепак, тие велат Резолуцијата да се дополни со уставното име на државата.