Македонија
9. August 2021 - 16:38

ДУИ се сигурни во победа со проверени кадри, ВМРО-ДПМНЕ најавува најголем фронт против власта

Правилна е одлуката Рамиз Мерко, но и сите останати старо-нови кадндати на ДУИ повторно да бидат дел од партиската понуда за локалните избори бидејќи тоа ќе донесе победа на 17 октомври. Вака секретарот на ДУИ Артан Груби ги оправда досегашните решенија на интегративците.

ДУИ пред два дена потврди дека номинирала 19 кандидати за градоначлланици, меѓу кои Висар Ганиу за Чаир, Рамиз Мерко во Струга, Блерим Беџети во Сарај. Најспорен за јавноста беше Мерко за чија работа постојано имаше критики.

ОД владејачката СДСМ пак, се чека за некој ден да бидат објавени и нова група на градоначалници. Партијата на Заев веќе објави 35 имиња, од кои дел се и актуелни градоначалници, меѓу кои и Шилегов за Скопје.

Од најголемата опозициска партија се уште пак, не откриваат кој е фаворитот за главниот град. Партијата на Мицкоски објави 45 имиња, а со целата понуда пред граѓаните ќе излезе до средината на месецов. Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат и најголемиот фронт против власта до сега.

Од Алијанса на Албанците ги објавија старо-новите кандидати за Гостивар, Врапчиште и Боговиње, а брифираат дека имало конзенсус и за кандидатите во Дебар, Желино и теарце, со тоа што кандидатот за Теарце е стопанственик од Швајцарија односно доаѓа од дијаспора.

„За коалициите, ги разгледуваме најдобрите соработки кои ќе бидат во корист на граѓаните. Освен со Алтернатива ние ќе очекуваме подршка за нашите кандидати од сите оние кои се одлучни да им дадат крај на кримималот на СДСМ-ДУИ и владините партнери. Соработката ќе биде различна според спецификите на општините, според тежината на политичките партии и околностите“, велат од партијата на Села.