Дуња Иванова со највисок светски ранг во македонскиот велосипедизам

Македонската репрезентативка во планински велосипедизам Дуња Иванова, членка на велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка, се искачи на 33. место на најновата светска ранг-листа на Меѓународната велосипедска унија (УЦИ), поставувајќи нов највисок пласман за македонското велосипедизам.
До овој значаен резултат Иванова стигна по серијата успешни настапи на три трки од престижната HERO World Cup серија – Коста Бланка во Шпанија, Елба во Италија и Натурланд во Андора. Дополнителни бодови освои и на трката во Кастро, Италија, како и со одбраната на шампионската титула на државното првенство во МТБ маратон.
Со настапот во Андора Иванова обезбеди квалификација за претстојното Светско првенство во планински велосипедизам, кое ќе се одржи во Италија.
Следниот предизвик за македонската велосипедистка е Европското првенство во Рамалес де ла Викторија, Шпанија, каде како репрезентативка ќе се натпреварува на исклучително техничка патека долга 75 километри со вкупно висинско искачување од 3.000 метри.
МИА
Ново на Сител
-

За еден месец издадени одобренија за изградба на нови 754 станови, најмногу во Скопје
-

Сиљановска го образложи помилувањето на Јакупи
-

Нов центар во Штип за развој на студентски бизнис идеи
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
