Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
Шпекулациите за наводна појава на ешерихија ги натераа дел од граѓаните да си купат флаширана вода. Во некои маркети рафтовите почнаа да се празнат. Купувачи велат дека набавуваат вода „за секој случај“. Едни купуваат по неколку шишиња, други, пак, носеа цели пакети.
Преплавени се и социјалните мрежи:
„Вода во маркетите во Скопје - нема“, „Да земам два три балона вода па пак нека е исправна водата“, „ Продажбата на вода во шишиња е порасната за 1000 %“.
Сепак, не сите се убедени дека има причина за правење залихи од вода.
Има и граѓани кои и без актуелните шпекулации имаат недоверба во квалитетот на водата од чешма.
Инаку во последните неколку години продажбата на флаширана вода е во пораст. Според податоците од пописот во 2021 година, речиси 13 илјади домќинства пијат вода само шишиња. Цените во маркетите се движат од 26 до 45 денари за шише од литар и половина.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар
