Два активни пожара, три ставени под контрола
Два пожара се активни во моментов низ државава, додека три се ставени под контрола. Изминатото деноноќие, до осум часот утрово, на територија на државава регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор. Од нив, 13 се изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.
Нискостеблеста вегетација гори во подрачјето на селата Црнилиште и Долгаец во општина Долнени. Мешана шума гори во регионот на селото Никуштак во општина Липково.
Ставени под контрола се пожарите во општините Гевгелија, Македонски Брод и Гази Баба. Станува збор за приземен пожар на планината Кожуф, опожарена мешана шума во „Јасен“, како и запалено ѓубриште во „Вардариште“.
Изгаснатите пожари биле на територија на општините Арачиново, Валандово, Делчево, Илинден, Кавадарци, Куманово, Липково, Радовиш, Свети Николе, Чешиново - Облешево. Останатите три биле во подрачјето на општина Струга.
МИА
Ново на Сител
-
Премиерот во посета на РЕК Битола по повод Денот на рударите
-
Мицкоски: За една година го зголемивме двојно реалниот пораст на платите
-
Отворена е нова канцеларија за е-услуги во Свети Николе
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори