Два активни пожара, три ставени под контрола
Два пожара се активни во моментов низ државава, додека три се ставени под контрола. Изминатото деноноќие, до осум часот утрово, на територија на државава регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор. Од нив, 13 се изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.
Нискостеблеста вегетација гори во подрачјето на селата Црнилиште и Долгаец во општина Долнени. Мешана шума гори во регионот на селото Никуштак во општина Липково.
Ставени под контрола се пожарите во општините Гевгелија, Македонски Брод и Гази Баба. Станува збор за приземен пожар на планината Кожуф, опожарена мешана шума во „Јасен“, како и запалено ѓубриште во „Вардариште“.
Изгаснатите пожари биле на територија на општините Арачиново, Валандово, Делчево, Илинден, Кавадарци, Куманово, Липково, Радовиш, Свети Николе, Чешиново - Облешево. Останатите три биле во подрачјето на општина Струга.
МИА
Ново на Сител
-
Бајач од Штип полнел вода со црево во Кочани и ја нудел како света, предупредува Отец Димитар Арсовски
-
Мицкоски: Новинските агенции ја пишуваат првата страница на вистината, градат доверба и ја оддржуваат демократијата
-
Ѓоковиќ и Алкараз си закажаа полуфинале на УС Опен
-
Санчез: Двојните стандарди на ЕУ за Украина и Газа го поткопуваат кредибилитетот на Европа
-
Пожарите кај Вардариште, во Долнени, Кожуф, Јасен и Липково ставени под контрола, во моментов нема активни пожари
-
Со соочување на психијатриските вештачења за Раде Трајковски продолжува судењето за случајот „Штекли“
-
Зеленски: Расте дрскоста на Русите
-
ИДФ: Убиен водачот на Муџахединските бригади во Газа