Македонија
30. October 2026 - 13:45

Двајца малолетници нападнале и ограбиле 62-годишен маж во Тетово, едниот го повредил со остар предмет

На 29.10.2026 во Тетово, полициски службеници лишија од слобода 17-годишен и 16-годишен малолетник од Тетово. Околу 12:30 часот во близина на трговски центар во Тетово, двајцата малолетници физички го нападнале М.Ш.(62) од с.Одри, тетовско и му одзеле пари.

62-годишникот успеал да  го задржи 17-годишникот, при што тој со остар предмет му нанел повреда. Во моментот на настанот поминувала полициска патрола и го лишиле од слобода напаѓачот.

Подоцна, по преземени мерки, во 16:15 часот на ул.„Вон Вадарска“ во Тетово бил пронајден и лишен од слобода и 16-годишникот.

Тие се задржани во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.