Двајца маскирани крадци упаднале во замокот „Виндзор“ - домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
Маскирани крадци упаднале во замокот „Виндзор“ додека британскиот принц Вилијам, неговата сопруга Кејт Мидлтон и нивните деца спиеле во нивниот дом што се наоѓа на имотот на дворецот. Инцидентот се случил минатиот месец, кога двајца провалници ја прескокнале оградата висока 1,8 метри и со украден камион ја пробиле безбедносната капија.
Иако на имотот се поставени аларми, упадот бил откриен дури кога провалниците ја пробиле безбедносната преграда. Од шталата што се наоѓа во безбедносната зона на замокот, украдени се теренско возило и моторцикл со четири тркала.
Според некои извори, тие најверојатно некое време го набљудувале замокот Виндзор, будејќи знаеле дека возилата се сместени таму и знаеле кога е најдобро време да дојдат и да избегаат без да бидат фатени.
Се верува дека принцот и принцезата од Велс, заедно со нивните три деца биле во замокот Аделаида, кој е оддалечен само пет минути пеш од местото каде што влегле крадците.
Полицијата потврди дека сѐ уште никој не е уапсен и дека истрагата е во тек.
Ново на Сител
-
Уапсени тројца дилери во Скопје, пронајдена марихуана
-
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор
-
Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина, има индиции дека пожарот е подметнат
-
Продолжи судењето за „Онкологија“, денеска се слушаат искази на сведоци
-
Тешко повреден 16-годишник на мопед откако автомобил удрил во него
-
21-годишник од Неготино криумчарел пет мигранти
-
Мицкоски: Првпат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива
-
„Нeшто што ќе остане“ на 13 септември во Паркот на франкофонијата