Двајца мажи од струшко нелегално копале минерални суровини и ја загадиле водата во Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Х.М.(50) и Н.К.(54), двајцата од струшкото село Велешта, како и против правен субјект од истото село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“, „незаконита експлоатација на минерални суровини“, „предизвикување опасност при градежни работи“ и „загадување вода за пиење“.
Пријавените, на повеќе катастарски парцели во лична и во сопственост на други лица, но и на неколку парцели во државна сопственост, вршеле незаконит ископ и експлоатација на минерални суровини без важечки договор за концесија.
Нелегалните ископи ги извршувале во непосредна близина на изворите за вода во струшкото село Шум од каде градот Струга се снабдува со вода за пиење, со што придонеле за директно загадување и заматување на водата за пиење од над 30 пати повеќе од дозволеното.
На тој начин предизвикале долготраен прекин во водоснабдувањето и забрана за користење на водата за пиење, за одржување на лична хигиена и хигиена на раце.
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
