Двајца возачи под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни несреќи со смртни последици и тешки телесни повреди

На 25.10.2026 околу 02:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на с.Радичево, општина Василево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.В.(19) од с.Злеово, радовишко и патничко возило „мицубиши“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.С.(58) од с.Добрејци, струмичко.
Од здобиените повреди на местото починал возачот Р.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Во несреќата со телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „мицибуши“ Д.А.(36) од село Дабиле, струмичко.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, при што било констатирано дека Н.В. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,32 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
На 25.10.2026 во 00:15 часот во ОВР Валандово било пријавено дека на регионален пат во с.Марвинци, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од В.И.(26) од с.Брајковци, валандовско и мотоцикл „кавасаки“ со валандовски регистарски ознаки, управуван од М.Г.(57) од с.Марвинци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Гевгелија.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Валандово, при што било констатирано дека возачот на патничкото возило „мерцедес“ В.И. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,45 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни пријави, соопштува МВР.
Ново на Сител
-

Четири лица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров
-

Нови животински видови во битолската Зоолошка Градина - Свет ибис, був, американски ракун...
-

Дожд и утринска магла во наредните денови
-

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 граѓани покажаа дека Скопје се сака со дела
-

Студентите на средба со премиерот и министеpката Јаневска
-

Сè помалку деца се раѓаат во Европа и Македонија – фертилитетот во ЕУ на најниско ниво од 2001 година
-

Пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“: Се запалил бојлер
-

Домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на струја во август
