Македонија
2. January 2026 - 19:23

Двајца загинати откако возило заврши во Радика

Денеска (02.01.2026) во 15:50 часот во ОВР Гостивар пријавена е сообраќајна незгода на регионален пат Маврово Дебар во која патничко возило ,,фолкцваген бора" со гостиварски регистерски ознаки сопственост на А.Ф. од Гостивар, изгубило контрола и паднало во реката Радика. Од незгодата животот го загубиле возачот и сопатникот во возилото. Увид на лице место е во тек.