Македонија
2. January 2026 - 9:55

Почина 2-годишното детенце повредено од залутан куршум за време на новогодишната ноќ

Утрово на скопските клиники почина двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ, откако, според првичните сознанија, било погодено од заталкан куршум додека набљудувало огномет.

Детето првично било хоспитализирано во Градската општа болница, но поради тежината на повредите итно било пренесено на Клиниката за детска хирургија. Лекарите утврдиле обилно мозочно крварење, при што биле зафатени сите мозочни комори.

И покрај континуираната и интензивна лекарска грижа, здравствената состојба на детето била критична и директно животозагрозувачка.

Претходно, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека станува збор за еден од најтешките инциденти што се случиле за време на новогодишната ноќ, нагласувајќи дека повредата е резултат на метален фрагмент, а сите детали околу случајот се предмет на натамошна истрага.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)