Македонија
24. јуни 2025 - 18:33

Две девојки повредени при сообраќајна незгода

„На 23.06.2025 во 11:45 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на патот Кавадарци-Неготино, патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.Н.(18) од с.Сирково, општина Росоман, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишната сопатничка, додека со телесни повреди Д.А.(19), двете од с.Сирково, констатирани во Итната медицинска помош Неготино.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Неготино.