Две жени и еден маж загинаа во превртен „мерцедес“ кај Блаце, од скопскиот аеродром патувале кон Косово

Утврден е идентитетот на трите лица кои го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа на патниот правец од граничниот премин „Блаце“ кон Скопје. Станува збор за Ејуп Тернава, Џенет Тернава и Фатмире Шабани, за кои нивните семејства претходно пријавија дека се исчезнати.
Според информациите објавени од телевизијата „Алсат“, нивниот автомобил бил пронајден превртен во близина на границата со Косово. Првичните информации укажуваат дека две од лицата биле преземени од Меѓународниот аеродром Скопје, по што заедно се упатиле кон Косово, но несреќата се случила пред да ја преминат државната граница.
Ден претходно, нивните семејства преку медиумите и социјалните мрежи апелираа до јавноста за помош во потрагата, наведувајќи дека последен пат биле видени во саботата околу 22 часот во Скопје. Тие патувале со син „мерцедес ГЛЦ“ со германски регистарски таблички.
Од Министерството за внатрешни работи претходно информираа дека во неделата во 22:35 часот било пријавено превртено возило „мерцедес“ со германски регистарски ознаки на патот ГП „Блаце“ – Скопје. На местото на несреќата биле пронајдени три починати лица – еден маж и две жени, а лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта.
Надлежните институции продолжуваат со истрагата за да се утврдат околностите и причините што довеле до трагичната несреќа.
Ново на Сител
-

Американските пратеници му презентирале на Путин нови идеи за прекин на војната во Украина
-

Не стивнуваат пожарите во Албанија, вчера регистрирани 21, активни 11 пожари
-

Од 15 до 30 минути се чека на Богородица за излез од земјава
-

Новиот изглед на Трамп предизвика реакции на социјалните мрежи
-

ЦУК: Активни се пет пожари во неколку општини
-

Сончево и топло со температури од 30 до 37 степени
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
