Дводневен штрајк на таксистите во Атина

Таксистите во Атина, организирани од нивниот синдикат, од 6 часот утрово започнаа 48-часовен штрајк со што грчката метропола денеска и утре ќе биде без такси превоз, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Синдикатот на такси превозници (САТА) соопштија дека преку штрајкот, меѓу другото, бараат укинување на обврската за регистрација на нови такси возила само како возила со нулта емисија од 1 јануари 2026 година; бараат одговор од Владата во врска со апликациите за такси услуги; бараат да се реши проблемот со компании што изнајмуваат автомобили со возачи; построги казни и контроли за нелегални такси возила; зголемување на тарифата согласно зголемувањето на минималната плата; бараат и намалување на ДДВ за такси услугите итн.
Во рамките на 48-часовниот штрајк, за денеска е закажан протест со возилата од центарот на Атина до аеродромот во Атина за да го изразат нивното незадоволство за „фиксните цени и нелојалната конкуренција промовирани од администрацијата на аеродромот во соработка со апликацијата Убер“.
Утре пак, исто така со такси-возилата ќе одржат протест пред Министерството за транспорт.
Штрајкот ќе заврши в петок во 6 часот наутро.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
