-->
-->
Џејмс стигна до рекордни 50.000 поени во НБА
-->
Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс постави рекорд за најмногу поени во најсилната лига на светот - НБА.
Утринава 40-годишниот Џејмс постигна 34 поени на мечот против Њу Орлеанс пеликанс (136:115). Вкупниот број поени на Џејмс во кариерата се искачи на 50.033 поени. Од нив, 41.871 поени се во регуларниот дел од сезоната, додека 8.162 поени во плејофот.
На второто место на листата е поранешниот центар на Милвоки и Лејкерс, Карим Абдул Џабар со 44.149 поени.
Воедно, Леброн Џејмс, откако пред два и пол месеци наполни 40 години, игра со најдобри статистички показатели во својата богата кошаркарска кариера.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Чесите од воздух, Словенците од земја – стигна помошта од странство
-
Меморијален парк во чест на загинатите во модуларната болница
-
Висар Ганиу најави тужби за Данела Арсовска – Изет Меџити не кажа во која општина живее
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и треба обвинителство кое ќе се справи со криминалот и корупцијата
-
Цената на парното останува иста
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пожарите се подметнати
-
Синдикатите, работодавачите и владата седнуваат на заедничка маса