Џеко: Заминуваме од СП со кренати глави

Капитенот на Босна и Херцеговина, Един Џеко изјави дека неговата репрезентација со крената глава го напушта Светското фудбалско првенство по елиминацијата од домаќинот САД.
БиХ ја мина групната фаза со четири бодови, а во шеснаесетфиналето беше поразена од САД со 2-0 во Сан Франциско.
„Се враќаме дома со кренати глави и мора да бидеме горди на сè што направивме. Не требаше да го примиме тој втор гол. Беше многу потешко потоа. Доминиравме по нивниот црвен картон, но не успеавме да израмниме. Благодарност до нашите прекрасни навивачи, а ќе видиме дали ова е крајот на мојата репрезентативна кариера“, изјави по натпреварот Џеко, кој дебитираше во националниот дрес во 2007 година, а во шеснаесетфиналето против САД го одигра својот 151 натпревар за БиХ.
МИА
Ново на Сител
-

Општина Струмица ја покрива Шапкар со земја за да го намали ризикот од пожари
-

Преглед на вестите од светот
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
