Џихан Ахмед ја повлече кандидатурата за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

По реакциите во јавноста по претставувањето во Собранието на кандидатката Џихан Ахмед за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, таа ја повлече кандидатурата. Информацијата ја потврдија за МИА од „Вреди“.
Најгласни во забелешките за кандидатурата на Ахмед беа од Мрежата за заштита од дискриминација, од каде што побараа Собранието да не ја избере бидејќи, како што посочуваат во нивното соопштение, таа не ги исполнува законските услови предвидени во Законот за спречување и заштита од дискриминација, односно нема ниту една година работно искуство од областа на човековите права и особено во облата еднаквост и недискриминација.
Уште пред да биде избрана за член на Комисијата, Ахмед преку социјалните мрежи му се заблагодари на Изет Меџити, лидер на една од партиите во коалицијата „Вреди“, иако Комисијата е натпартиско тело и не треба да се поврзува со ниедна политичка партија.
Покрај Ахмед, номинирани се и Лимко Бејзароски и Наташа Амдију.
МИА
Ново на Сител
-

123 години од смртта на Гоце Делчев
-

Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“
-

Локалната промоција клучна за повеќе туристи
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Драги Змијанац, претседател на „Меѓаши“
-

Историски успех на младиот Македон на Германската математичка олимпијада
-

32 возачи лишени од слобода за празничниот викенд
-

Македонското население старее, државата крои стратегија за зголемување на наталитетот
