Македонија
15. May 2026 - 21:16

Зошто Уставни измени се единствена тема на СДСМ

Бенефит од Уставните измени ќе имаат граѓаните, без евроинтеграција државата ќе биде изолирана, а тоа и дава можност на власта да работи исклучиво во своја корист.

Ова е објаснувањето на генералниот секретар на опозциската СДСМ Саша Димитријевиќ за тоа зошто партијата на Филипче последните неколку недели инсистира на евроинтеграицјата како клучно прашање на нивните пресконференции и за кое комуницира со граѓаните.

Познавачите на евроинтеграцијата велат дека СДСМ се фокусира на ова прашање бидејки тука детектира евентуално неисполнување на изборните ветувања на власта дека ќе најде подобар начин да се справи со барањето ан Бугарија з ауставни измени.

Но, дури и да е така тие велат дека ова прашање не е потентно да донесе нови гласови на СДСМ.