Свет
20. May 2026 - 8:09

Џјинпинг: Односите меѓу Кина и Русија се „непоколебливи“

Односите меѓу Кина и Русија се „непоколебливи“, рече кинескиот претседател Сји Џјинпинг за време на средбата сорускиот претседател Владимир Путин во Пекинг.

„Кинеско-руските односи достигнаа толку високо ниво затоа што постојано ја продлабочувавме меѓусебната политичка доверба и стратешката координација со непоколеблива истрајност“, изјави Џјинпинг на почетокот на разговорите во Домот на народните собранија.

Владимир Путин, пак, оцени дека односите меѓу двете земји достигнале „невидено ниво“ и претставуваат глобален модел на партнерство и стратешка соработка.