ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
Доколку правилата не се прецизираат навреме, фер изборниот процес може да се доведе во прашање. На ова предупреди Амбасадорката на Швајцарија која посочи на навремено носење на законските измени за подобро организирање на локалните избори наесен. Коментирајќи го извештајот на државниот завод за ревизија за отчетноста на политичките партии, им порача на институциите при носењето на законот да ги земат во предвид препораките од Венецијанската комисија и заклучоците на државниот завод за ревизија .
На последните епарламентарни и претседателски избори само 4 политички партии не ги исполниле законските рокови за поднесување финансиски и извештаите за донации и тие остануваат блокирани за добивање средства од државниот буџет. Според главниот државен ревизор се уште постојат системски слабости во начинот на кој се уредува уплатата на донациите
Ревизорот е генерално задоволен од отчетноста на партиите и оцени дека на последните изборни процеси немало поголеми прекршувања. Во текот на месец септември ДЗР ќе организира повеќе работилници со политичките партии и независните учесници во изборната кампања за да ги подготви како навремено и прецизно да ги изработуваат извештаите за финансиското трошење кои потоа се предмет на ревизија во заводот.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар